Миланско топло кафе за поладните пролетни денови

Миланско топло кафе за поладните пролетни денови

Комбинацијата од кафе и какао е совршена за пролетните викенди

Миланско топло кафе за поладните пролетни денови

Потребни состојки:
  • 25 грама какао во прав
  • 55 грама шеќер
  • 355 милилитри млеко
  • 160 милилитри еспресо
  • Шлаг пена, за сервирање
Начин на подготовка:

Во сад со средна големина, ставете ги заедно какаото и шеќерот и мешајте сè додека добро не се соединат. Во тенџере со средна големина, загрејте го млекото на среден оган. Откако ќе почне да врие, додајте ја мешавината со какаото и шеќерот, заедно со кафето и брзо матете со маталка сè додека не добиете хомогена смеса. Сипете го кафето во однапред загреани шолји и декорирајте со шлаг пена. Имајте убав викенд!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар