Македонците страствено уживаат во кафето

Македонците страствено уживаат во кафето

Повеќе од 50% од граѓаните на Македонија во просек уживаат во две шолји пладневно кафе на ден со пријатели и со тоа се шампиони во регионот, покажало истражувањето на „Нескафе долче густо” спроведено од реномираната агенција за истражување на пазарот – ГфК Македонија.Македонците страствено уживаат во кафетоФразата „Aјде на кафе“ означува повик за дружење и начин со некоја блиска личност да поминете дел од своето слободно време. Дека Македонците сакаат да се дружат, тоа е одамна познато, а истражувањето покажало и дека навистина уживаат да пијат кафе.

Во анкетата спроведена на почетокот на годината на 1.000 испитаници, скоро повеќе од 50% од испитаниците изјавиле дека пијат турско или пак инстант кафе, и тоа неколку пати на ден. Истражувањето покажало дека ритуалот на пиење кафе, Македонците го поистоветуваат со дружењето, блискоста и уживањето. Топлите шолји се наоѓаат на масите во дневните соби, канцелариите или пак во кафулињата, и тоа не само поради уживање во вкусот на кафето, туку и за дружење и заради амбиентот.
.

„Кафето има навистина посебна улога во животот на луѓето. Тоа е пијалак кој споил милиони луѓе ширум светот на нивниот прв состанок… Пијалак кој склучил милиони бизниси во целиот свет, кој им помогнал на многу студенти да ги завршат големите испити, држејќи ги будни и концентрирани… Пијалак со кој е означен официјалниот премин од детството во зрелото доба. Кафе паузата е време за релаксиран муабет со колегите и пријателите со кое се стимулира социјалната интеграција“ – вели социологот Славе Младеновски.

Останатиот дел од Балканот го загрева лончето претпладне, како прв напиток, додека 2/3 од нашите граѓани се зафаќаат за шолјата и после пладне, а причината за тоа не е да останат будни, туку од задоволство. Овдешните навики на пиење на кафе се разликуваат, не само по времето кога тоа се пие, туку и по неговата температура и начинот на кој е направено. Македонците страствено уживаат во кафетоМакедонците дефинитивно пијат пожешко и појако кафе од српските и хрватските зависници од кафе кои пак повеќе преферираат ладно подготвено кафе. Во Босна и Црна Гора кафето воглавно се пие на работа и во кафуле, додека пак 74% од Македонците пијат кафе и во домашна атмосфера, со пријатели, како симбол на релаксираност и удобност.

Дека сме нација која обожава да пие кафе, покажуваат и преполните кафулиња, но и практиката да се „викаат гости на кафе“ и „лаф муабет“. Кога станува збор за купување кафе, за македонските конзументи најважна им е цената и квалитетот, разните вкусови и достапноста, а дури потоа препораката од некој пријател.

Во светот скоро и да не постои возрасно лице кое не пие кафе, со или без млеко, во голема или мала шолја, појако или послабо. Луѓето ширум светот секоја година пијат 400 милијарди шолји, бројки кои покажуваат колку овој напиток станал составен дел од нашето секојдневие.
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар