Претходно
Љубовно кафе (Café d’Amour)
Јако црно кафе за уживање со саканата/саканиот…Потребни состојки:
- 200 мл врело црно кафе
- 40 мл коњак
- шеќер по вкус
- половина лимон
- стапче цимет
Начин на подготовка: Рабовите на шолјата за кафе намачкајте ги со сок од лимон, а потоа додајте им претходно направена мешавина од шеќер и кафе. Потоа исцедете го лимонот и сокот додајте го во топлото црно кафе заедно со шеќерот и стапчето цимет. Ставете го коњакот во црпка за супа и запалете го, а потоа истурете го во кафето. Додајте ја целата смеса во претходно подготвената шолја и сервирајте.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.