Лесно ледено кафе (Easy Iced Coffee)
Одлично кафе за уживање во летните горештиниВреме за подготовка: 5 минути
Потребни состојки:
- 2 лажици инстант кафе
- 1-2 лажици шеќер
- 1 dl топла вода
- 1 dl ладно млеко
- 6 коцки мраз
Начин на подготовка: Во мешалка за коктели (шејкер) ставете ги топлата вода, шеќерот и инстант кафето. Протресете неколку минути додека не добиете пенлива смеса. Потоа во голема чаша од 3dl ставете ги коцките мраз, и истурете го кафето од шејкерот. На крајот додадете го млекото во чашата и декорирајте со чоколаден прелив или шлаг по вкус.
Pingback: Лесно ледено кафе за уживање