Ледено мока лате (Iced Mocha Latte)

Ледено мока лате (Iced Mocha Latte)

Ледено магично задоволство, посебно за оние денови кога сè изгледа совршено, од станувањето од кревет, до легнувањето со блага насмевка на лицето

Ледено мока лате (Iced Mocha Latte)

Потребно време за подготовка: 10 минути
Вкупно потребно време: 8 часа и 10 минути
За 4 кафиња потребно е:
  • не цела лажица природен засладувач во прав (замена за шеќер)
  • 2 лажици какао
  • 2 лажици инстант кафе
  • 500 мл зовриена вода
  • 500 мл пола-пола, поделено во 2 шолји
  • Декорирање по желба: замрзната пена, рендани чоколадни парчиња
Начин на подготовка:

1. Искомбинирајте ги засладувачот, какото и кафето во длабок сад. Постепено додавајте ја зовриената вода, додека истовремено постојано ја мешате смесата. Мешајте така додека смесата не стане сосема хомогена. Додајте една шолја пола-пола. Ставете ја смесата во калапи за мраз и почекајте 8 часа за да добиете замрзнати коцки.

2. Ставете ја втората шолја пола-пола во блендер. Постепено додавајте ги мока-коцките и мешајте додека не се измазни смесата. Веднаш сервирајте. По желба, декорирајте со пена и чоколадни парчиња.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар