Претходно
Ледено мартини со кафе и какао
Совршено за добар почеток на викендот!
Потребни состојки:
- 50 милилитри вотка
- 50 милилитри ладно филтер кафе
- 1 кафена лажичка какао во прав
- 25 милилитри Калуа
- Искршен лед
- 1 кафена лажичка чоколадни трошки
Начин на подготовка:
Додајте ги првите 5 состојки во шејкер за коктели и тресете го силно околу 15-тина секунди, па претурете во оладена чаша за мартини. Посејте чоколадни трошки одозгора и пијалакот ви е подготвен за послужување!
Ви се допадна овој рецепт? Пробајте го и оригиналниот рецепт за Еспресо Мартини!