Претходно
Ледено кафе со сладолед и чоколадо за ниските зимски температури
Кој вели дека леденото кафе е наменето само за летните денови?
Потребни состојки:
- 500 милилитри млеко
- 2-4 лажици инстант кафе во прав
- 20 милилитри млака вода
- 2 лажици шеќер
- 1 топче сладолед од ванила
- Чоколаден сируп
Начин на подготовка:
Ставете го кафето во прав во еден мал сад и додајте ја млаката вода, па мешајте додека не се соединат. Во поголем сад ставете го млекото, па додајте го кафето заедно со шеќерот. Повторно мешајте сè додека не добиете хомогена смеса. На ѕидовите од чашата во која ќе послужите ставете чоколаден сируп и потоа претурете го кафето во неа. На крај, ставете ја и топката сладолед.
Расположени сте за нешто „позачинето“? Пробајте го ова ледено кафе со Калуа!