Претходно
Ледено кафе со Орео колачиња
За благ и енергичен викенд
Потребни состојки:
- 230 милилитри млеко
- 3-4 Орео колачиња
- 1 кафена лажичка инстант кафе
- 1 кафена лажичка млечен крем
- Прстофат какао во прав
- Ледени коцки
- 1 кафена лажичка шеќер (по желба)
Начин на подготовка:
Изматете ги сите состојки одеднаш за да добиете ладно, крем кафе со пена. Декорирајте со дополнителни Орео колачиња, парчиња чоколадо и какао во прав.
Пробајте го и ова ледено кафе со чоколадо и сладолед.