Ледено кафе со нане
Повикајте го летото во вашиот живот
Потребни состојки:
- 230 милилитри концентрат од кафе
- 230 милилитри вода
- 220 грама шеќер
- 3 супени лажици млеко
- Свежо ванила стапче
- Ледени коцки
- Листови од нане
Начин на подготовка:
Ставете ги водата, шеќерот, листовите нане и стапчето ванила во тенџере и варете на среден оган. Кога ќе почнете да забележувате балончиња, измешајте добро и потоа оставете го да зоврие. Тргнете го од оган и оставете го преку ноќ да се олади. Исцедете ја мешавината во чаша, па додајте го концентратот од кафе заедно со млеко. Ставете и свежи листови од нане за летен изглед.
Интересно е тоа што многумина тврдат дека кафето има подобар вкус ако подолго отстои. Но, дозите можеби нема да бидат погодени за сите, па најдобро е доколку го пробате оригиналниот рецепт, а потоа да го приспособите според вашиот вкус.
Пробајте го и ова розово лате за дамите што се вљубени во кофеинот.