Претходно
Ледено кафе со Калуа
Заведување со ликер од кафе
Потребни состојки (за 2 кафиња):
- 100 милилитри еспресо
- 40 милилитри млеко
- 40 милилитри Калуа
- 2 лажички шеќер во прав
- Ледени коцки
Начин на подготовка:
Ставете ги ледените коцки во шејкер. Сипете го подготвеното еспресо во шејкерот и врз него додадете ги и останатите состојки. Тресете 20-тина секунди со цел еспресото целосно да се олади и потоа претурете во 2 стаклени чаши.