Претходно
Ледено ирско кафе
Одлично кафе кое ќе ви го разубави денот…
Потребни состојки:
- 80 мл свежо еспресо
- 80 мл ликер од ирски крем
- 10 коцки мраз
- 125 мл ладно млеко
- 2 топки сладолед од ванила
Состојки за сервирање:
- чоколаден сируп
- 2 топки сладолед
- шлаг
Начин на подготовка:
1. Во мал сад искомбинирајте ги кафето и ликерот. Покријте го садот и оставете го 4 часа во фрижидер убаво да се олади.
2. Оладеното кафе, коцките мраз, млекото и сладоледот ставете ги во блендер и убаво измешајте ги.
3. Полијте ја внатрешноста на 2 големи стаклени чаши со чоколаден сируп, а потоа смесата распоредете ја во нив.
4. Одозгора ставете малку сладолед и шлаг. На врвот повторно ставете чоколаден сируп.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.