Претходно
Ледено фрапучино со сладолед
Идеален пијалак за летните горештини
Потребни состојки:
- 1 лажичка инстант кафе
- 1 лажичка шеќер
- 70 мл вода
- 70 мл млеко
- 1 топка сладолед од ванила
- 1 топка сладолед од карамела
- 2 коцки кршен мраз
- шлаг
- цимет
- чоколадни трошки
Начин на подготовка:
Водата млекото, кафето и шеќерот ставете ги во шејкер и убаво измешајте ги. Во висока стаклена чаша, ставете го кршениот мраз и топките сладолед. Врз сладоледот исипете го кафето од шејкерот, а на врвот ставете шлаг. Декорирајте со цимет и чоколадни трошки.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
mmmmmmmmmmmmmmmmm samo sto go probav, 5+ e <3