Претходно
Ледено франуцуско кафе со чоколаден прелив
Совршена комбинација од чоколаден прелив и кафе
Потребни состојки:
- 240 мл подготвено инстант кафе
- 5 лaжици шеќер
- 360 мл млеко
- 120 мл шлаг пена
- 2 лажици чоколаден прелив
Начин на подготовка:
- Во голема чаша измешајте ги кафето и шеќерот додека не се соединат. Потоа додадете ги со мешање млекото, шлаг пената и чоколадниот прелив.
- Замрзнете ја смесата во калап и оставете ја да стои минимум 3-4 часа или преку ноќ. Следниот ден калапот ставете го во фрижидер на 2-3 часа пред да го служите или додека не се одмрзне добро. Смесата треба да биде кашеста. Сервирајте во стаклени шолји.