Претходно
Леден крем од кафе
Датум: 29 јун 2014
Коментари: 0
Релативно нов рецепт кој е многу популарен во Италија
Потребни состојки:
- 300 милилитри шлаг
- 250 милилитри еспресо
- Екстракт од ванила
- Една супена лажица рум (по избор)
- Какао (за декорација)
Начин на подготовка:
Сипете го шлагот во сад и замрзнете го, а потоа сторете го истото и со кафето и румот (заедно измешани). Додадете ги екстрактот од ванила и смрзнатиот шлаг, исецкан на коцки, во блендер и мешајте сѐ додека не добиете кремаста мешавина. Додадете го смрзнатото кафе, исто така исецкано на коцки, во блендерот и мешајте неколку секунди. Потоа, сипете го кремот во чаша и декорирајте со какао.