Претходно
Лате со ванила и цимет
Овие ладни денови откријте нов вкус на кафето
Потребни состојки (за 2 кафиња):
- 250 милилитри топло кафе
- 250 милилитри млеко
- Сируп од ванила по вкус
- Морско оревче по вкус
- Цимет по вкус
Начин на подготовка:
1. Турете го млекото во тегла, затворете ја и протресете десетина секунди додека млекото не почне да прави пена на врвот.
2. Ставете ја теглата без капак во микробранова печка околу 45 секунди додека млекото не се стопли и не стане пенесто.
3. Измешајте го сирупот од ванила со топлото млеко и турете ја смесата во француска преса за да стане пенеста.
4. Потоа смесата турете ја во кафето.
5. Декорирајте со цимет и со морско оревче.
Погледнете како да направите уште едно вкусно лате со карамела и лешник.