Лате со карамела и лешник

Лате со карамела и лешник

Пијалак што ќе ве стопли во ладните есенски денови

Лате со карамела и лешник

Потребни состојки:

  • 250 милилитри кафе
  • 1 лажица сируп од лешник
  • ½ лажица чоколаден сируп
  • ½ лажица карамела, плус малку за декорирање
  • 180 милилитри пола-пола (микс од 90 милилитри млеко и 90 милилитри слатка павлака)

Начин на подготовка:

1. Турете го миксот од млеко и павлака во тегла, затворете ја и протресете десетина секунди додека млекото не почне да прави пена на врвот.

2. Ставете ја теглата без капак во микробранова печка околу 45 секунди додека миксот не се стопли и не стане пенест.

3. Ставете карамела низ внатрешноста на шолјата и турете го топлото кафе. Потоа додајте ги сирупот од лешник и чоколадниот сируп и промешајте. На крајот додајте го миксот и послужете.

Погледнете уште еден есенски рецепт за лате со цимет и јаворов сируп.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар