Претходно
Лате со цимет и јаворов сируп
Есенски пијалак во кој ќе се заљубите
Потребни состојки:
- 250 милилитри кафе
- 60 милилитри млеко
- 1 лажица јаворов сируп
- ¼ лажица цимет, плус малку за декорирање
Начин на подготовка:
1. Турете го млекото во тегла, затворете ја и протресете десетина секунди додека млекото не почне да прави пена на врвот.
2. Ставете ја теглата без капак во микробранова печка околу 45 секунди додека млекото не се стопли и не стане пенесто.
3. Турете го топлото кафе во шолја и додајте ги јаворовиот сируп и циметот. Потоа додајте го млекото, така што пената ќе остане на врвот. На крајот, нанесете малку цимет на врвот и уживајте.
Ако сте една од оние личности кои секогаш доцнат и утрата не им се омилен дел од денот, погледнете како да направите кафе и појадок во едно смуди.