Претходно
Лате од ванила (Vanilla Latte)
Богат вкус, лесен за подготовка
Потребно време за подготовка: 10 минути
Потребни состојки:
- 200 милилитри млеко
- 30 милилитри сируп со вкус на ванила
- 45 милилитри топло еспресо
- 2 грама цимет
Начин на подготовка: Најпрво, млекото загревајте го на тивка температура додека не стане пенесто. Во шолја за кафе ставете ги сирупот и топлото еспресо. Откако млекото ќе се загрее, сипете го во шолјата, притоа држејќи ја пената со лажичка. Пената искористете ја за декорација и врз неа нанесете цимет.