Претходно
Кремасто смуди со кафе
Смуди со кафе со кремаста текстура, без засладувачи, чоколадно и едноставно за приготвување. За ова смуди ви се потребни само 5 состојки.
Потребни состојки:
- 60 милилитри ладно инстант кафе или филтер кафе
- половина банана
- 80 милилитри кокосово млеко или по избор, замрзнато во стандардни коцки мраз (за кафето ќе ви требаат 2 или 3 коцки мраз)
- 1 лажичка какао во прав
- 1 лажичка засладувач по вкус
Начин на подготовка:
- Млекото ставете го во форма за коцки мраз и замрзнете го преку ноќ, а бананата исечкајте ја и исто така оставете ја да замрзне.
- Подгответе го кафето и оставете го во фрижидер околу 12 часа или преку ноќ.
- Следниот ден за да го подготвите смудито, додајте го кафето, замрзнатата банана, коцките мраз, какаото и засладувачот во блендер.
- Блендирајте додека не добиете кремаста смеса. Додајте повеќе кафе или млеко ако имате проблем со блендирањето.
- Додадете повеќе засладувач ако сакате, а исто така можете да додадете и чоколадни струготини. Бидете креативни и уживајте во вкусот.
Можеби ќе сакате да ги пробате и овие 3 освежувачки пијалаци со кафе за престојните топли денови.