Претходно
Крем-кафе со сладолед
Интензивен вкус со богата арома, за целосно опуштање во последните зимски денови
Потребни состојки:
- 500 мл топло чоколадо
- 250 мл топло инстант кафе
- 125 мл млеко
- 2 лажици шеќер во прав
- 2 топки сладолед од чоколадо или ванила
- шлаг
Начин на подготовка:
Топлото чоколадо, кафето, млекото, шеќерот и сладоледот, ставете ги во едно тенџере на оган, и мешајте ги за убаво да се соединат. Кога смесата ќе почне да крчка, тргнете го тенџерето од оган и распоредете ја во 4 шолји. Декорирајте со шлаг, а по избор можете да додадете и чоколадни трошки или чоколаден сируп.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Каде давате сега рецепти со сладолед … ммммм!!