Крем-кафе (Panna Cotta)
Ако не како десерт, Panna Cotta можете да го подготвите и како незаборавно, инспиративно кафе.Потребно за 6-8 кафиња:
- 3 големи лажици вода
- 200 мл млеко
- едно ливче желатин
- 4 шолји еспресо
- екстракт од ванила
- 1/2 шолја шеќер
- 2 лажици мелено кафе
Подготовка: Во мал сад турете малку вода и ставете го желатинот. Оставете десет минути да омекне желатинот. Не мешајте за тоа време. Во меѓувреме, во тенџере на оган ставете го млекото, ванилата, меленото кафе и шеќерот. Оставете смесата да зоврие (овој процес на вриење е ист како и за правење пудинг). Потоа, истиснете го желатинот со раце за да се исцеди водата и ставете го во тавчето со пудингот. Исклучете од оган и мешајте додека не се стегне смесата како пудинг. Готовата смеса ставете ја во огноотпорни чаши за десерт. Оставете да се олади два часа во фрижидер. Потоа, ставете ги чашите во сад со врела вода 10 секунди за пудингот да добие текстура како фил од торта, а не како цврст пудинг. Од горе, прелијте со еспресото и декорирајте по желба.
Забелешка: Ова не е класичен рецепт за правење Panna Cotta. Оригиналниот рецепт содржи хопла, а процесот на правење е речиси ист како горе напишаниот. Во овој рецепт за крем-кафе, меленото кафе и еспресото се тие кои му даваат автентичен вкус и италијански шмек.
Одлично е кафево изгледа, а?
Браво! Ептен ме бендиса.