Корисни совети за сите обожаватели на кафе

Корисни совети за сите обожаватели на кафе

За сите кафе-манијаци кои обожаваат да подготвуваат кафе, да пијат кафе и со задоволство да се среќаваат на кафе-муабет со своите пријатели, им нудиме неколку интересни, а воедно и корисни совети за кафето.

Корисни совети за сите обожаватели на кафе

Што треба да знаете кога купувате кафе?

Кога се работи за свежо кафе, најдобро е да знаете кога е печено. Вистинските благодети од кафето можат најдобро да се осетат, доколку кафето се искористи еден или два дена по печењето. Исто така е важно кафето да се чува во сад којшто вакуумира и е тесен, при што првичната арома останува дури по 7 до 10 дена. Старото кафе веднаш ќе го препознаете по неговата арома која или ја нема или е непријатна, а исто може да ви изгледа како да има фатено мрсни наслаги.

Корисни совети за сите обожаватели на кафе

Мелење на кафето

Доколку ги мелете зрната кафе во вашиот дом, никогаш немојте да го мелете целото кафе, туку онолку колку што планирате да искористите во моментот. Маслата коишто се наоѓаат во зрната кафе, се изложени на штетните влијанија од воздухот. Кога тие ќе испарат, се губи и самата арома на кафето. Различните начини на подготовка на кафето, бараат различни методи на мелење. На пример, кога се работи за филтер кафе, подготовката треба да биде од 4 до 6 минути. Кога користите француска машина за мелење, кафето треба да биде измелено погрубо. За да подготвите еспресо пак, потребно е што поситно да ги измелете зрната, пришто измеленото кафе треба да личи на прав. Многу важно за еспресото е да внимавате целата процедура на подготовка да изнесува од 25 до 30 секунди.

Корисни совети за сите обожаватели на кафе

Како правилно да го складирате кафето?

Никогаш не чувајте го кафето во фрижидер. Од фрижидерот, кафето може да ги апсорбира мирисите и вкусовите на другите прехранбени продукти. Освен ако не планирате да го користите во наредните две недели, наша препорака е да го избегнувате фрижидерот. За да ја зачува прекрасната арома, кафето треба да се складира во чисти, суви садови што вакуумираат и да биде поставено на ладно и темно место.

Корисни совети за сите обожаватели на кафе

Дозирање на кафето

Кога подготвувате кафе, внимавајте да ставите околу 250 милилитри вода за околу 30 до 40 грама кафе. За еспресо кафе, ставете 7 до 8 грама за една доза, а доколку сакате дупло еспресо ќе ви бидат потребни од 14 до 16 грама кафе.

Корисни совети за сите обожаватели на кафе

Како да го послужите кафето?

Верувале или не, на кој начин и во каква шолја ќе го послужите кафето, може многу да влијае на неговата арома и на самото уживање во кафето. Исто како и виното, вкусот на кафето се чувствува по неговата арома. Затоа најдобро е тоа да се служи во шолји со дебели ѕидови, кои ќе бидат доволни за да ја задржат топлината на кафето. Пример за тоа е еспресото, кое најчесто се служи во мали шолји со дебели ѕидови, кои имаат благ наклон. Дебелината на ѕидовите ја одржува вистинската температура на кафето, а самиот наклон овозможува подобро да се прошири аромата.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар