Копи чам: Малезиско кафе со чај

Копи чам: Малезиско кафе со чај

Зошто да бирате дали да се напиете чај или кафе кога можете да ги имате и двете? Копи чам е малезиско кафе кое се прави со комбинирање на кафе и чај пред да го додадете млекото. Пробајте го дома со еспресо или инстант кафе, црн чај и млеко.

Копи чам: Малезиско кафе со чај

Потребни состојки за 3 кафиња:

  • 500 милилитри (5 ќесички) црн чај
  • 200 милилитри инстант кафе или еспресо
  • 100 милилитри млеко
  • шеќер по избор

Начин на подготовка:

  1. Подгответе ги кафето и чајот.
  2. Потоа, во голем сад измешајте ги кафето, чајот и млекото.
  3. Служете топло или разладено.

Пробајте го и овој рецепт за виетнамско панакота кафе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар