Колку калории има во кафињата од Старбакс?
Многу луѓе кога патуваат надвор од нашата земја во земја каде што има Сатрбакс, не ја пропуштаат приликата да се напијат кафе кое има толку различен вкус од секое друго. Сепак, овие слатки напитоци се полни со калории, па имајте на ум дека иако мислите дека само пиете кафе, вие всушност се почестувате со калоричен десерт во течна состојба.

Мока со бело чоколадо и пеперминт = 520 калории = 3,7 лименки Кока-кола

Фрапучино со двојно чоколадо = 500 калории = 120 Скитлс бонбони

Топло чоколадо = 370 калории = 45 гумени бонбони

Лате со зелен чај = 350 калории = среден помфрит од Мекдоналдс

Кафе Мока = 330 калории = 130 крекери рипки

Кафе Лате = 190 калории = 1 парче пица

Црно кафе = 0 калории = кoфеинизиран воздух
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.