Кој знак од хороскопот е диктатор, кој е лажливец, а кој е посесивен?

Кој знак од хороскопот е диктатор, кој е лажливец, а кој е посесивен?

Секој хороскопски знак има своја темна страна што не може да ја сокрие, а која често е причина за уништување на пријателствата, љубовните врски, па дури и браковите… Откријте кој е скржав, а кој љубоморен, кој лаже, а кој е неизлечив песимист…

Кој знак од хороскопот е диктатор, кој е лажливец, а кој е посесивен?

Овен

Тој е себичен, гледа на сè само од своја перспектива, не се грижи многу за чувствата на другите и ретко ги признава грешките. Иако тој не е личност што лесно се компромитира и се согласува на соработка, не му пречи од блиските да бара услуги, очекувајќи тие да ги исполнат неговите потреби како тоа да е нивна света должност. Брзоплет е, донесува одлуки без претходно да размисли и ако нешто тргне наопаку, секогаш наоѓа некој друг кој потоа го обвинува.

Бик

Во хороскопот, тој има репутација на најголем скржавец. Ретко ќе ве почести кафе зашто неговите пари се поважни од вашата љубов. Тој е многу мрзлив, инертен, тешко е да го убедите да се промени. Се чувствува најдобро кога ќе легне пред телевизорот. Во овој знак се родени многу диктатори и автократи. Тој не е обожавател на демократијата. Има „тврда глава“. Знае кои се неговите права и со задоволство ги посочува, додека туѓите ги гази запоставувајќи ги своите обврски. Незадоволството го лечи преку прекумерно уживање во храната, а понекогаш и во алкохолот.

Близнаци

Таа ужива во озборувања. Мора да знае сè за секого и со задоволство прави увид во туѓите животи. Не е паметно да му ги доверувате и откривате своите тајни. Денес е таму, а утре којзнае каде и затоа не може да му се верува. Тој често ги менува ставовите, па затоа е тешко да се каже што навистина мисли и сака. Не е особено верен во љубовта и неговото минато е полно со пропаднати односи. Повеќе од емоционалната посветеност на еден партнер го возбудува „седење на две столчиња“.

Рак

Тој е чуден, затворен, недоверлив, болно зависен од вниманието на другите, како од тоа да зависи неговиот живот. Ќе го налутат и расплачат ситници, а заради неговата преосетливост и несигурност ќе види проблем и каде што го нема. Тој смета дека е најмотивираното битие на светот и никој не го разбира. Наместо да ги решава проблемите, тој претпочита да жали за неговата тажна судбина и суровоста на животот. Кога ќе се вљуби, љубомората го „јаде“. Сака да внимава на партнерот 24/7 и едноставно не му дава да дише.

Лав

Силен е „огнометот“ од суета со која живее овој знак. Тој е најубав, најдобар и најпаметен. Ако се случи да не бидете убедени дека тоа е така, тогаш сигурно нешто не е во ред со вас – така ќе помисли Лавот, чија гордост и достоинство се поважни од самиот живот. Тој секогаш го привлекува вниманието кон себе, обидувајќи се да се позиционира во центарот на секое случување, затоа што сè што го опкружува се сателити кои орбитираат околу неговото величие. Има двојни аршини и тоа што вреди за него, не значи дека вреди и за другите.

Девица

Таа е вечно незадоволна, секогаш се нервира, не се чувствува добро (скоро секој ден откако ќе ја запознаете), ќе се пожали дека нејзиниот стан е хаос (иако не гледате ниту трага од нечистотија), на работа ја малтретираат (и ова е добропозната приказна), поради нејзината најдобра пријател/ка „висела“ на телефон со часови… Да, таа е најголемиот перфекционист и критичар во астрологијата. Се обидува напорно да го одржува редот во нејзиниот живот, а постојано се жали на неред. И, се разбира, никогаш не е по нејзина вина тоа што ѝ се случува во животот…

Вага

Ако ја замолите да донесе одлука во врска со вас или вашата врска, знајте дека сте осудени да дочекате неизвесен исход. Ако сакате веднаш да ја онерасположите, треба само да ја прашате што сака во животот или да побарате се изјасни за некој проблем. Таа би сакала да остане неутрална, некаде на средина, затоа што добро знае дека ако избере една опција, ќе се кае за другата. Нејзиниот „глад“ за потврда од другите оди дотаму што таа е подготвена да се откаже од себе, да се преправа за на околината да ѝ остави подобар впечаток.

Скорпија

Таа е водач на темната страна од хороскопот. Во нејзините длабочини лежат многу деструктивни пориви, перверзни мисли, сексуални девијации, радикални идеи, сè за што не смее да се зборува јавно. Тој врвно се контролира себеси и блиските. Само на тој начин може да ја одржи извонредната доминација и да го негува своето его. Тој е шампион во љубомора и посесивност и својот партнер го доживува како негов имот. Иако  си дозволува вонбрачен испад, тој не само што не би му простил такво нешто на својот партнер, туку порано или подоцна и ќе му се одмаздил.

Стрелец

Сака да се прави паметен, да се покаже на другите како начитана, добро информирана и личност со многу познавања на која ѝ нема рамна. Стрелецот ги крие „валканите алишта“ од другите затоа што тие го ставаат во подредена позиција, но љубопитно го турка носот во туѓите проблеми. Брзоплет е и невнимателно искрен, па е во состојба сè да каже и да остане жив, а тоа што ве повредил е сосема небитно.

Јарец

Патолошки амбициозен. Работата, кариерата и материјалната безбедност за него се поважни од што било друго. Тој секогаш внимава на своите интереси и манипулативно ги експлоатира послабите за да ги исполни своите планови. Животот го живее според изреката – Целта ги оправдува средствата. Тој е склон кон депресија, веројатно затоа што не ги искажува своите емоции и ги смета за помалку вредни од разумот. Честопати страда од комплексот на пониска вредност, но никогаш нема да го признае тоа.

Водолија

Со своите ригидни верувања, преку кои понекогаш другите ги претставува како возвишени и продуховени, таа многу лукаво се позиционира во однос на нив. Водолијата тоа го знае, а знаењето е моќ. Од друга страна, ѝ годи тоа што е потребна. Таа се храни од сознанието дека другите ѝ се обраќаат нејзе за совет и помош. Се претставува како голем хуманист, но понекогаш има многу нарцисоидност во себе. Им помага на другите за тие да ја зголемат својата љубов кон неа, а со тоа да го оправда своето постоење и да биде препозната во општеството како личност која е подобра од другите.

Риби

Ако некој знае како да лаже, тогаш тоа се Рибите. Понекогаш тие се фаќаат во сопствените приказни, па не знаат кого и за што излажале. Тие бегаат од реалноста, а поради грижи и тага се одаваат на алкохол и други опојни средства. Не знаат да се борат за себе, па кога мириса на опасност, бегаат, оставајќи го дури и блискиот на цедило. Тешко е да ги разберете, тие се кријат од другите најмногу заради несигурност и страв. Склони се кон самосожалување и жалење. Често „ловат во мрачно“, склони се кон нелегални дејности и се експерти за прикривање на приходите.

Можеби сакате да прочитате и кои се хороскопските парови кои засекогаш ќе останат заедно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар