Кога е најдобро да го испиете вашето кафе?

Кога е најдобро да го испиете вашето кафе?

Утринската рутина на повеќето луѓе изгледа вака: Будење, проверување што има ново на социјалните мрежи, а потоа подготвување кафе. Но, според една нова студија, пиењето кафе наутро не секогаш е најдобра идеја.

Еве во кој дел од денот е најдобро да го пиете вашето кафе

Истражувачите од колеџот во Бостон потврдиле дека оптималното време од денот за да консумирате кофеин е токму моментот кога чувствувате најголема потреба за тоа (односно кога чувствувате дека вашиот мозок е изморен и забавен), а не веднаш откако ќе се разбудите. Кога станува збор за кофеинот, повеќе не значи и подобро. Всушност, кога ќе се разбудите наутро и веднаш ќе се напиете кафе, тоа нема секогаш да ви даде дополнителен поттик. Наместо тоа, подобро е да ја оставите дневната количина кофеин за кога навистина ќе ви треба.

Причината зошто не треба да пиете кафе наутро е високото ниво на кортизол во вашето тело. Имено, консумирањето кофеин кога нивото на кортизол е високо, создава два проблеми. Првиот е дека кофеинот се меша со производството на кортизол во телото, хормон кој е одговор на стресот и ниското ниво на шеќер во крвта. Така, телото произведува помалку кортизол и за да компензира повеќе се потпира на кофеинот. Другиот ефект од пиење кафе наутро им е добро познат на оние кои имаат ваква утринска навика. Всушност, кафето ја зголемува толеранцијата на личноста на кофеин, затоа што го заменува природниот поттик на кортизолот, наместо да го додава. Затоа, ако имате ваква утринска навика, треба да размислите за промена на вашиот распоред за подобро да ја искористите ефикасноста на кофеинот.

Секако, ако чувствувате дека на вашиот мозок му е потребно освежување уште рано наутро, сигурно нема да ја прескокнете шолјата кафе, но доколку не, тогаш оставете го кафето да го испиете подоцна во текот на денот со вашите колеги на работа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар