Кофеинско смуди во 5 слоеви што ќе ви ја заслади душата

Кофеинско смуди во 5 слоеви што ќе ви ја заслади душата

Колоритно кафе за добар пролетен ден

Потребни состојки:
  • 3 банани
  • 230 милилитри јогурт
  • 120 милилитри бадемово млеко
  • 230 милилитри свежо подготвено кафе со вкус на ванила
  • 60 грама малини
  • 60 грама боровинки
Начин на подготовка:

Изматете 2 од бананите со јогуртот, ставете во фрижидер околу 3/4 од смесата, а останатото оставете го блендерот. Додајте го бадемовото млеко и 30 грама о малините и продолжете да матите. Матете додека не добиете мазна смеса и ставете околу 3/4 во фрижидер, а останатото оставете го во блендерот.

Додајте 60 милилитри од кафето, заедно со половина банана и 30 грама од малините. Матете додека не добиете хомогена смеса и повторно ставете околу 3/4 од смесата во фрижидер, а останатото задржете го во блендерот. Повторете ја постапката уште еднаш, така што ќе го ставите останатото кафе заедно со боровинките во смесата. Изматете добро и поделете ја мешавината во 2 чаши, кои потоа ќе ги ставите во замрзнувачот на околу 30-тина минути.

Полека сипете го следниот слој, и повторно вратете во фрижидер на 20-тина минути. Повторете ја оваа постапка додека не ги наредите сите слоеви.

Декорирајте со малини и послужете. Добар апетит!

Пробајте го и ова ледено кафе со чоколадо и сладолед.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар