Претходно
Кофеински милкшејк со Нутела
Највкусниот кофеински милкшејк што некогаш сте го пробале!
Потребни состојки:
- 220 грама сладолед од ванила
- 240 милилитри млеко
- 4 лажици Нутела
- 3-4 лажички инстант кафе
- 1 лажичка чиа семе
- 1 лажичка ленено семе
- Прстофат ванилин шеќер
*Количните се за еден голем или два нормални пијалаци.
Начин на подготовка:
Ставете ги сите состојки во еден сад и матете сè додека не добиете комбинирана и мазна смеса. Сипете во чаша, по желба ставете шлаг пена на врвот и попрскајте со какао во прав и вашиот пијалак е готов!
Ако ви се допадна овој рецепт, пробајте ја и оваа комбинација на кафе и Нутела!