Кофеинска уметност: Слатки животинки, предмети и ликови од поп културата исцртани на кафе
Кога работите во некое кафуле, тогаш вообичаено правите и некакви цртежи на кафето, како на пример, цветови и срценца. Но, што ако можете да нацртате и слатки животинчиња и ликови од поп културата? Погледнете ги овие интересни цртежи на кафе од Мелани, или уште позната како Melaquino кои ќе ве натераат да не го испиете кафето само за да можете подолго време да ги гледате.
Мелани црта веќе 4 години и без сомнение ја усовршила својата работа. Вели дека за да се добие вистинскиот контраст и да се истакнат дури и најмалите детали, потребни се најдобрите видови еспресо и пена. Таа користи лажички за да манипулира со формата на пената во кафето и ги исцртува деталите со чоколадо. Секој пијалак го подготвува од 3 до 5 минути и вели дека омилениот дел ѝ се реакциите од муштериите.
„Редовно ме посетуваат многу луѓе кои веќе стануваат редовни муштерии и тоа ме тера да правам што поразлични и подобри дизајни“, вели таа.