Претходно
Кофеинска бомба: Совршено кафе за енергичен крај на работната недела
И забавен почеток на викендот!
Потребни состојки:
- 8 ледени коцки од кокосово млеко
- 8 ледени коцки од кафе
- 30 милилитри чоколаден ликер
- 30 милилитри вотка
- 50 милилитри еспресо
- 4 ледени коцки
- Чоколадни трошки, за декорација
Начин на подготовка:
Однапред подгответе ги ледените коцки од кокосово млеко и кафе. Кога ќе имате сите состојки пред себе, ставете ги во блендер и почнете да матите. Количините во овој рецепт можат да се прилагодат на вашиот вкус, па не мора да се држите цврсто до напишаното. Откако ќе добиете хомогена смеса, сипете го пијалакот во чаша и декорирајте со чоколадните трошки за збогатување на вкусот.