Кофеин за посвежо лице, помалку брчки и отстранување подочници

Кофеин за посвежо лице, помалку брчки и отстранување подочници

Најновите истражувања покажуваат дека кремите за лице кои се направени на база на кофеин ги бришат брчките и уморот од лицето, како и подочниците и темните кругови околу очите.Кофеин за посвежо лице, помалку брчки и отстранување подочнициВаквите креми станаа голем хит низ светот, а за ова говори и фактот што еден производител на креми од Велика Британија морал да состави листа на чекање со повеќе од 4.000 луѓе за неговиот производ направен на база на кофеин.

Познатиот шминкер Џорџи Даглас кој се грижи за изгледот нам многу холивудски ѕвезди исто така го потврдува ефектот на производите кои се направени на база на кофеин. Тој соопштува дека една таква крема користел при шминкањето на Џенифер Анистон, при што темните кругови околу нејзините очи, по одреден период самите исчезнале. Тоа е така бидејќи кофеинот ја зголемува циркулацијата на крвта во капиларите околу очите. Тоа овозможува да делувате многу поздраво и посвежо, а истовремено очите да не ви бидат отечени. Жените кои користат вакви производи велат дека очигледни резултати се добиваат по само еден месец од нивното користење.
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар