Класично грчко фрапе за оние на коишто им недостасуваат плажата и морето

Класично грчко фрапе за оние на коишто им недостасуваат плажата и морето

Летото делува многу далеку од оваа перспектива…

Потребни состојки:
  • 30 милилитри вода
  • 1 супена лажица инстант кафе
  • 1 кафена лажичка шеќер
  • 100 милилитри незасладено кондензирано млеко
  • Ледени коцки
Начин на подготовка:

Во шејкер за коктели, додајте ја водата, па кафето, па шеќерот. Покријте го и тресете силно околу 30-тина секунди. Потоа додајте една шака ледени коцки, повторно покријте го и продолжете со уште 30 секунди тресење. Сипете го кафето во висока чаша, притоа внимавајќи пената да остане на врвот. Послужете веднаш.

Пробајте го и ова веганско фрапе со карамела од само 3 состојки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар