Претходно
Капучино во мраз (Cappuccino on ice)
Вкусно, привлечно и неодоливоВреме на подготовка: 5 минути
Потребни состојки:
- 150 милилитри сварено капучино
- 40 милилитри засладено кондензирано млеко
- Шлаг пена
- 10 милилитри екстракт од ванила
- Мраз во коцки
Начин на подготовка: Во сад измешајте го капучиното и млекото. За време на мешањето постепено додавајте половина од шлаг пената и целиот екстракт од ванила. Смесата ставете ја во дебела стаклена чаша полна со коцки мраз и декорирајте со остатокот од шлаг пената.