Претходно
Како пивото и кафето влијаат на вашиот мозок?
Кој би рекол дека пивото ви ја буди креативноста, а кафето ви помага да се фокусирате на реализација на добрите идеи? Разгледајте го овој интересен инфографик и прочитајте ги овие кул факти за вашите најомилени пијалаци.
Како пивото влијае на вашиот мозок? |
Како кафето влијае на вашиот мозок? |
Обележаниот дел од мозокот на илустрацијата се нарекува мозочна кора. Оваа мозочна кора ги контролира свесните мисли, јазикот и интеракцијата. | Кога аденозинот ќе се поврзе со рецепторот за аденозин, почнувате да се чувствувате поспано. |
Кога алкохолот ќе навлезе во мозочната кора, почнувате да се чувствувате помалку концентрирано, но од друга страна тој ви го ослободува умот од сите работи кои најчесто го окупираат. | Кога ќе се напиете кафе, рецепторот се поврзува со кофеинот, наместо со аденозинот. |
Кога ќе достигнете ниво од 0,7 промили алкохол во крвта (околу 2 чаши пиво) станувате покреативни. | Тоа значи дека 5 минути подоцна се чувствувате поенергично. |
Добрата страна на пивото. Пивото прави да се чувствувате помалку загрижени за светот околу вас, што го ослободува вашиот мозок и ви овозможува да направите подлабоки конекции со другите луѓе и да смислите одлични идеи. | Добрата страна на кафето. Ефектот од кофеинот се чувствува после само 5 минути. Тој ви дава повеќе енергија и ви овозможува повеќе да се концентрирате. |
Лошата страна на пивото. После неколку пива се чувствувате деконцентрирано и меморијата ви попушта. | Лошата страна на кафето. Пиењето дури и мали количини кафе создава отпорност и на вашиот организам му е потребна дополнителна количина за да ја постигне истата стимулација. |
Најдобриот момент да се напиете пиво: кога сте во потрага по некаква иницијална идеја. | Најдобриот момент да се напиете кафе: кога веќе имате некаква идеја на ум и едноставно потребно ви е да се фокусирате на квалитетна работа. |
Сепак, пиењето премногу големи количества и од пиво и од кафе, значи губење на сите овие кул придобивки. Затоа, треба да се пие умерено. | |
Заклучок: Пивото е одлично за поттик на вашиот мозок за смислување одлични идеи. Кафето е одлично за реализација на тие идеи. |
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Пијам и едно и друго ама пиво си е Пиво!! :)))