Како најздравите луѓе во светот го пијат своето кафе?

Како најздравите луѓе во светот го пијат своето кафе?

Погледнете ги најздравите 10 нации во светот и дознајте како нивните жители уживаат во својата дневна кофеинска доза. Можеби треба да научиме нешто од нив, па и ние да си го подобриме нашето здравје!

10. Канада

Канада е третата нација во светот каде што се пие најмногу кафе. Тоа воопшто не изненадува со оглед на фактот што е земјата од каде што потекнува Тим Хортонс – синџир ресторани познати по своето кафе! Иако порано традиционално подготвеното кафе било норма, денес љубителите на еспресото се во центарот на вниманието.

9. Исланд

Не е никаква тајна дека жителите на Исланд пијат многу кафе. Да, тие можеби не се нација позната по кофеинот, но откако кафето во 1703 година се вратило назад на островот, станало интегриран дел од културата. Тоа се поврзува со прослави на истиот начин како што алкохолот го прави истото во други култури. И за навистина да разберете колку тие уживаат во него – кафето без кофеин не се нуди воопшто!

8. Ирска

Веднаш по Турците, Ирците пијат најмногу чај во светот. И покрај тоа што повеќе го преферираат овој пијалак, со тек на годините кафето зема сè поголем замав, особено со подемот на кафетериите. Она што сите ние го знаеме (и сакаме) кај ирското кафе е фактот што тие први ставиле виски во него.

7. Холандија

Само една нација во светот консумира во просек повеќе од 2 шолји кафе на ден, а тоа е Холандија. Според статистиките, консумацијата по жител изнесува 2,4 шолји секојдневно. Со други зборови, тие обожаваат редовно да уживаат во овој пијалак.

6. Сингапур

Тие обожаваат „копи“ – темно филтер кафе, што е помалку горко во однос на виетнамското. Жителите на Сингапур пијат до 6 шолји на ден и уживаат во топлото, свежо подготвено кафе, малку засладено и со кондензирано млеко.

Преминете на следната страница за останатите земји…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар