Како кофеинот од различни производи влијае на организмот?
Според општите сознанија, кофеинот од кој било извор има исто или приближно исто влијание врз нашиот организам, но според личните искуства на луѓето, тој факт и не е толку вистинит. Во продолжение прочитајте какво влијание има кофеинот од различните производи, како што се кафето или чајот, водејќи се според само еден критериум: Кој производ најбрзо и најдобро ни помага да го поминеме денот?
1. Кафе
Според последните истражувања, кафето нема долгорочни негативни ефекти на организмот, но сепак треба да се консумира умерено. Доколку сте имуни на ефектите од кафето, за разлика од оние кои се колнат дека ги чувствуваат вибрациите на атомите во своето тело после половина испиена шолја, тогаш пијте го барем за стимулација.
2. Чај
Некои личности кои се почувствителни на кофеинот можат да го променат своето расположение после само една испиена шолја црн чај. Што не е ни чудно, ако се земе предвид фактот што во 200 милилитри црн чај се содржат околу 70 милиграми кофеин. Чајот може да го зголеми крвниот притисок, да ги забрза срцевите отчукувања, да го зголеми прагот на внимание и да му овозможи вишок енергија на организмот.
3. Енергетски пијалаци
Науката сѐ уште не потврдила дали енергетските пијалаци можат да го забрзаат пулсот или не, но наведува дека треба да се внимава на начинот и количината на консумирањето, особено поради состојките кои тие ги содржат во својот состав.
4. Чоколадо
Едно научно истражување од 2013-тата година покажало дека пиењето две шолји топло чоколадо еднаш во месецот може да ја подобри циркулацијата на крвта во мозокот, да ги зголеми концентрацијата и помнењето, како и да ги подобри моторните движења и мускулната активност кај постарите луѓе кои патат од лош крвоток. Кофеинот во чоколадото нема толку големо влијание на организмот како што има кофеинот од кафето, но сепак треба да се има мера за неговото консумирање. Едно млечно чоколадо од 100 грама содржи од 3 до 45 милиграми кофеин, додека црното чоколадо има од 15 до 105 милиграми кофеин.