Претходно
Како да си приготвите виетнамско ледено кафе?
Освежете се и изгасете ја жедта со Виетнамско ледено кафе
- Најпрво во стаклена чаша сипете 2 супени лажици слатко кондензирано млеко.
- Потоа во специјално лонче со цедилка, ставете 2 супени лажици филтер кафе и протресете го за да се изедначи.
- Со цедилката притиснете го кафето за да се набие убаво и малку завртете ја.
- Лончето со цедилката ставете го над стаклената чаша и истурете во него врела вода, при што кафето ќе почне да се процедува.
- Лончето поклопете го со капаче, за да се одржува топлината на кафето.
- Кога ќе се процеди целосно, со лажичка убаво промешајте за да се изедначи кафето со кондензираното млеко.
- На крај, во висока стаклена чаша наполнета со коцки мраз до врвот, истурете го топлото зготвено кафе.
Начинот на подготовка е прикажан во видеото: