Претходно
Како да направите совршена пена за кафе во микробранова?
Го обожавате пенестото кафе кое го служат во кафулињата, но понекогаш би сакале да уживате со ваков напиток и во домашен амбиент. Сепак, дома немате скапи апарати за кафе, но за среќа, постои едно едноставно решение кое вашето капучино или макијато ќе го претвори како кафето од вашето омилено кафуле.
Сè што ви е потребно се микробранова печка, млеко и сад со капаче.
Кремастата пена можете да ја добиете следејќи ги следниве едноставни чекори:
- Ставете го млекото во сад со капаче кој може да се користи во микробранова. Ставете млеко најмногу до половина од нивото на садот, за да оставите место за пената која подоцна ќе се создаде.
- Протресете го затворениот сад најсилно што можете додека млекото не се зголеми двојно во волумен (околу 30-60 секунди). Тргнете го капачето и потоа загрејте го млекото на 30 секунди. Ќе се направи пена која ќе се искачи до врвот на садот, а топлината од микробрановата ќе помогне да се стабилизира и да не се распадне.
- Врелото млеко налијте го врз кафето, а пената веднаш ставете ја со лажица на врвот на шолјата.
Напомена: Пожелно е да користите млеко со 2% масленост или сосема безмасно, бидејќи со нив полесно се создава пена.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Jas napraviv sovrshena pena za kafe vo domashni uslovi i bez mikrobranova 🙂 Se shto vi e potrebno e mleko(posakuvanata kolichina) i shishe (tvrda plastika) ili shejker.. Mlekoto se stava vo sadot, se zatvora so kapache i se protresuva pomalku od edna minuta! Penata e odlichna! Mozhete da ja napravite i so toplo i so ladno mleko(po zhelba), sekako ispagja 5ka! Probajte! 😉