Kако да го направите утринското кафе поздравo?

Kако да го направите утринското кафе поздравo?

Честопати се води дебата помеѓу заговорниците на здрава исхрана и поставување на прашањето дали кафето е воопшто здраво. Одговорот е дека кафето не мора нужно да биде нездраво. Секако, доколку се придржувате до одредени правила. Ви откриваме 5 начини на кои можете утринското кафе да го претворите во здрава опција.

1-vi-otkrivame-kako-utrinskoto-kafe-da-go-napravite-pozdrava-opcija-www.kafepauza.mk_

1. Подгответе си го кафето сами

Без разлика дали пиете турско кафе, нескафе или еспресо ве советуваме самите да си го подготвите бидејќи многу веќе готови кесички кафе содржат млеко во прав или дополнителен шеќер. Во многу кафулиња служат кафиња кои се збогатени со засилувачи на вкус, сирупи, а често и со неутрална павлака. Затоа е најсигурно самите да си го подготвите кафето.

2. Користете филтрирана вода

Кафето кое ќе го подготвите со филтрирана вода ќе има подобар вкус и ќе биде поздраво за вас. За разлика од градската вода која е тврда и преполна со непосакувани супстанци, филтрираната вода не содржи хлор ниту некои други несакани материи, како што се олово или жива.

3. Купувајте органско кафе

Барем денес тоа е полесно од кога било порано. Во многу кафетерии можете да купите кафе со органско потекло.

2-vi-otkrivame-kako-utrinskoto-kafe-da-go-napravite-pozdrava-opcija-www.kafepauza.mk_

4. Без шеќер и млеко

Поголемиот дел од луѓето уживаат во своето кафе само доколку му додадат доста шеќер или млеко. Тогаш особено се губи и потиснува силниот вкус на кафето. Неопходно е да пробате кафе без додаток на шеќер и млеко. Кога еднаш ќе го пробате веднаш ќе ја почувствувате разликата која ја истакнуваме. Доколку пак не можете без млеко, тогаш ве советуваме обичното кравјо млеко да го замените со млеко од јаткасти плодови.

5. Нека пиењето кафе биде ваш ритуал

Пијте го кафето полека и со мерак. Доколку го пиете премногу брзо, одеднаш ќе внесете премногу кофеин што негативно ќе влијае на нервниот систем. Затоа станете порано и полека уживајте во првото, утринско кафе.

3-vi-otkrivame-kako-utrinskoto-kafe-da-go-napravite-pozdrava-opcija-www.kafepauza.mk_

Доколку сте вистински зависник од кафе, тогаш погледнете со кои проблеми се соочуваат само најголемите љубители на кафе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар