Како да го направите освежителниот вегански пијалак од кафе по кој полуде целиот свет?

Како да го направите освежителниот пијалак од кафе по кој полуде целиот свет?

Новиот тренд од Латинска Америка полека се движи кон престолот. Орчата е вегански пијалак и е идеален за сите оние што избегнуваат животинско млеко. Освен што е вкусна, орчатата содржи и многу хранливи материи, а во продолжение погледнете како да ја направите сами.

Како да го направите освежителниот пијалак од кафе по кој полуде целиот свет?

Потребни состојки:

  • околу 150 грама ориз со долго зрно
  • 500 милилитри врела вода
  • 1 и ½ стапчиња цимет
  • 500 милилитри ладна вода
  • 40-50 грама ванилин шеќер
  • 1 прстофат сол
  • цимет за украсување
  • 1 еспресо
  • коцки мраз

Начин на подготовка:

Оставете ги оризот, топлата вода и стапчињата цимет да отстојат во сад во текот на ноќта. Следниот ден, измешајте ги сите состојки во блендер. Потоа, поминете ја смесата преку ситно сито или газа.

Оставете ја смесата да се излади во фрижидер. Потоа, послужете со коцки мраз и со еспресо.

Погледнете како да го подготвите и кремастото кафе по кое полуде целиот свет.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар