Кафето може да ви го спаси животот. Еве како...

Кафето може да ви го спаси животот. Еве како…

Според научниците, луѓето кои пијат кафе имаат помали шанси да заболат од срцеви болести и дијабетес. Исто така, оние кои пијат 4 до 5 шолји кафе дневно имаат најмал ризик од рана смрт. Меѓу другото, љубителите на овој пијалак поретко заболуваат и од респираторни болести, пневмонија и грип.

Кафето може да ви го спаси животот. Еве како...

Авторот на оваа студија, д-р Ерик Лотфилд, вели:

„Кафето содржи бројни активни супстанци, вклучувајќи и фенолна киселина, калиум и кофеин.“

Истражувачите анализирале податоци од претходни студии во кои било анализирано здравјето на 90.317 возрасни личности кои не страдале од рак и немале кардиоваскуларни болести во својата историја. Оваа група луѓе била следена од 1998 до 2009 година и најголемо внимание било насочено кон тоа колку пиеле кафе и како се хранеле. До 2009 година, починале 8.700 од испитаниците од голем број причини.

Резултатите покажале дека оние луѓе кои пиеле кафе имале помал ризик од рана смрт во однос на оние кои не го консумирале овој пијалак. Се покажало и дека оние кои пиеле помеѓу 4 и 5 шолји кафе дневно имале најмал ризик од рана смрт.

„Иако некои рани студии сугерирале на фактот дека консумацијата на кафето го зголемува ризикот од развивање рак, во оваа студија не ја следевме врската помеѓу ракот и смртноста. Кафето ја намалува смртноста кај некои видови рак, но не кај сите“, објаснува д-р Лотфилд.

Според ова истражување, не се пронашле никакви докази дека кафето влијае негативно на здравјето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Dejan Reply

    Pozdrav!!
    Bi sakal da dojdam do kontakt so avtorot pogore spomnat,bidejki imame slicni stavovi i naviki-wahrscheinlich..:-)
    Ocekuvam e-mail..:-)Pozdrav-bi mozel sekoj sto saka da sorabotuva da napise..Pozdrav pak!!

Остави коментар