Кафе-тема за корисниците на Виндоус 7

Кафе-тема за корисниците на Виндоус 7

Инспириран од кафе-позадините кои ги објавуваме на Кафе пауза секој понеделник, анонимен читател подготвил едно пријатно изненадување за сите нас – тема за Виндоус 7, која ќе ги менува сликите на вашиот десктоп, автоматски, на одреден временски интервал.Кафе-тема за корисниците на Виндоус 7Откако ќе го преземете фајлот, треба само да го отпакувате и да го стартувате со двоен клик. Вашата позадина автоматски ќе се смени, а потоа ќе гледате различна слика на секои 10 секунди. За да не трошите премногу ресурси, можете да ја прилагодите динамиката на менување според вашите потреби, со стандардните поставки за теми во Виндоус 7. Кликнете со десен клик на вашиот десктоп и изберете Personalize. Потоа, со избирање на Desktop Background, ќе дојдете до опциите за прилагодување.Кафе-тема за корисниците на Виндоус 7Можете да изберете менување на сликите на секој час, на неколку часа или пак еднаш на ден. Исто така, доколку користите лаптоп, може да ја штиклирате опцијата за заштеда на енергија во случај кога го користите уредот на батерија.Кафе-тема за корисниците на Виндоус 7Некои од сликите ќе ви бидат познати бидејќи веќе сме ги објавиле како кафе-позадини, додека други се сосема нови. Во секој случај, ова е убав пакет од избрани кафе-позадини, кој е специјално направен за читателите на Кафе пауза. Па, време е за кафе

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. kate Reply

    bravo!

  2. Mia Reply

    ORIGINALNOST!!! Toa e kafepauza.mk!

Остави коментар