Кафе, текила и тиква – комбинација која изненадува
Прекрасна комбинација на кафе и алкохол збогатена со арома на тиква
Веќе е познато дека комбинацијата на кафе и алкохол е секогаш добитна, но кога ќе додадеме и некој неочекуван вкус тогаш навистина имаме коктел за паметење. Овој пат тајната состојка е сирупот од тиква кој му дава богат вкус на самиот коктел и со сигурност ќе ги воодушеви вашите пријатели. Едноставно, мора да го пробате!
Потребни состојки за 2 кафиња:
- 2 супени лажици шеќер
- 2 супени лажици сируп од тиква
- 1 супена лажица екстракт од ванила
- 1 кафена лажичка цимет
- 1/2 кафена лажичка зачин од тиква
- 60 мл текила
- 125 мл шлаг
- 360 мл топло кафе
Начин на подготовка:
Во голема шолја ставете ги прво екстрактот од ванила, сирупот и зачинот од тиква, шеќерот и шлагот и добро измешајте ги. Потоа додадете ги кафето и текилата и повторно добро измешајте. На крајот можете да декорирате со шлаг пена и да го посипете циметот за екстра арома.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.