Кафе со кокосово масло: Вкусен пијалак за одржување витка линија

Кафе со кокосово масло: Вкусен пијалак за одржување витка линија

Овие состојки не само што ќе го подобрат вкусот на кафето, туку и ќе ви помогнат да ја одржувате линијата

Кафе со кокосово масло: Вкусен пијалак за одржување витка линија

Потребни состојки:
  • 250 милилитри црно кафе
  • 1 лажица какао во прав
  • 1 лажица кокосово масло
  • Прстофат екстракт од ванила
Начин на подготовка:

Подгответе го кафето, онолку силно колку што вам ви одговара и потоа во блендер изматете го заедно со какаото, кокосовото масло и ванилата. Сипете ги сите состојки во чаша и вашето ново омилено кафе ќе биде спремно.

Доколку сакате тоа да добие сосема нова димензија на вкус, претходната ноќ замрзнете кокосово млеко во калап за лед и потоа ставете го во кафето. Похрабрите од вас можат да го прилагодат рецептот и со крем ликер – но чувајте ја оваа верзија за попладневните часови.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар