Кафе со глуварче за детоксикација: Напивка што ќе ве спаси од тегоби и подуеност
Нема поубава слика од онаа кога ќе дојде пролет, а на ливадите ќе се појават златните главчиња на млечните глуварчиња. Ова растение, кое можеме да го забележиме насекаде, во себе крие голем број лековити својства. Освен што е одличен извор на витамини и минерали, тоа помага и во детоксикацијата на организмот. Оваа драгоцена билка го прочистува црниот дроб и крвта, помага околу подуеноста и им се препорачува на луѓето кои страдаат од дијабетес и висок крвен притисок. Секој дел од ова растение е корисен за нашиот организам, но коренот е најбогат со минерали.
Глуварчето е познато по неговиот стимулирачки ефект што го има на дигестивниот систем и црниот дроб. Неговиот горчлив вкус помага во производството на дигестивни сокови и затоа го поттикнува природниот процес на детоксикација во организмот.
Освен што од глуварчето може да се направи чај, малку познато е тоа што од него исто така може да направите и еден вид кафе. Оваа напивка не содржи кофеин, но има богат и темен вкус, сличен на оној на кафето. Одличен избор е за луѓето кои имаат проблеми со стомакот, бидејќи содржи повеќе природни витамини од кафето.
Па, како да направите кафе од глуварче?
Потребни состојки:
- 1 лажичка прав од коренот на глуварчето
- 240 милилитри вода
- 1 стапче цимет
Начин на подготовка:
Испечете го коренот во рерна, а потоа откако ќе се излади, сомелете го за на крајот да личи на прав од кафе. Во врела вода додајте го правот од глуварчето и циметот и оставете го на шпорет додека водата не почне да врие. Потоа намелете ја температурата и оставете ја водата така уште 5 минути. Напивката би требало да добие темна боја. Исцедете го кафето во шолја, додајте малку млеко и послужете.
Можеби ќе ви се допадне и ова црно кафе кое ќе го маѓепса вашето срце.