Кафе што навистина ќе ве разбуди

Кафе што навистина ќе ве разбуди

„За да ги остварите вашите соништа, прво мора да се разбудите“, вели една поговорка. За многумина станувањето рано е најтешкиот дел од работниот ден, но тоа би можело наскоро да се промени.

Кафе што навистина ќе ве разбуди

Британскиот дизајнер Џошуа Ренуф тврди дека има решение како удобно да го започнете денот. Тој го креирал алармот „Барисиер“, кој наместо со досаден и монотон звук, ќе ве разбуди со пријатна арома на свежо сварено кафе. Алармот навистина приготвува кафе што ќе ве разбуди во точното време, а тоа треба да ви биде доволен поттик за полесно да тргнете кон „новите работни победи“.

Навечер, пред легнување, вие треба само да подготвите свежо мелено кафе, шеќер и млеко по желба, да го наполните вашиот аларм и да го поставите времето на будење, а следното утро ќе ве разбуди мирисот на вашиот приготвен пијалак без кој не можете да го започнете денот.

Ако сте љубител на кафе, прочитајте ја оваа одлична вест.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар