Кафе-позадина за вашиот десктоп #43
Станувате од спиење, а кафето веќе ве чека сварено на работната маса во кујната. Очните капаци полека се борат да го избистрат погледот, миризбата благо допира до вашиот нос. Лесно е да станете, треба само да посегнете по вашата шолја со кафе и да ја шмркнете првата голтка. Убаво е кога некој ќе ви направи кафе од сабајле. Направете го тоа и вие некогаш за блиските во семејството. На здравје!

Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1920×1200) и за да ја преземете на вашиот компјутер.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.