Кафе од цикорија: Здрав пијалак кој ќе го разведри и најсивиот ден

Кафе од цикорија: Здрав пијалак кој ќе го разведри и најсивиот ден

Доколку не го сакате кафето, а сакате да се напиете пијалак кој ќе ве освежи и ќе ви послужи како дополнителен извор на енергија, тогаш пробајте го пијалакот на база на цикорија. Ова е повеќегодишно растение од семејството композитни растенија кое на народот му е уште познато и под името водопија, коњска трева и сончево цвеќе. Најраспространето е во Европа, а расте и по ливадите, по патиштата и покрај шумите.

Кафе од цикорија: Здрав пијалак кој ќе го разведри и најсивиот ден

Станува збор за лековито растение со горчлив вкус кое ги смалува болките во желудникот, го поттикнува исфрлувањето на токсините од организмот, го забрзува метаболизмот и благотворно делува на намалувањето на симптомите на дијабетес тип 2. За овој последен податок, првенствено е заслужен инсулинот кој се наоѓа во коренот на цикоријата и кој го спречува зголемувањето на нивото на шеќерот во крвта.

Инсулинот, покрај тоа, делува и пробиотички, односно го поттикнува растот на добрите бактерии во цревата и позитивно делува на варењето на храната, како и функциите во целокупниот организам. Коренот од цикорија се користи и како состојка во подготовката на пијалаците кои се сметаат за поздрава алтернатива на кафето и кои се пиеле од многу одамна. Во продолжение прочитајте како да го подготвите овој рецепт.

Потребни состојки:
  • 3 лажички корен од цикорија во прав
  • 1 лажичка какао
  • 200 милилитри топла вода
Начин на подготовка:

Прелијте ја цикоријата со водата и додадете го какаото, па мешајте додека не добиете хомогена смеса. По желба, додадете и некаков засладувач. Пијте го овој пијалак во утринските и попладневните часови за да се освежите и разбудите, а избегнувајте да го консумирате навечер или пред спиење, бидејќи ќе имате потешкотии да заспиете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар