Претходно
Кафе на мексикански начин (Mexican-Style Coffee)
Одличен мексикански микс од црно кафе, текила и ликер од кафе за ваше комплетно уживање
Потребно време за подготовка: 5 минути
Потребни состојки:
- 115 ml варено црно кафе
- 30 ml ликер од кафе
- 30 ml текила
- Шлаг (по избор)
- Цимет за декорација (по избор)
- Какао во прав за декорација (по избор)
Начин на подготовка: истурете го вареното црно кафе во висока чаша, а потоа сипете ги ликерот од кафе и текилата. Гарнирајте со високо издигнат шлаг, какао и цимет.