Претходно
Кафе на денот: Еспресо на малку поинаков начин
Вкусно и полно со енергија
Потребни состојки:
- 1 доза еспресо
- 85 милилитри млеко
- Топла вода
Начин на подготовка:
Ставете ја водата во ѓезве и оставете ја да зоврие. Потоа сипете ја во шолјата во која ќе послужувате и почекајте да се загрее. Во меѓувреме, со помош на рачката за млеко од машината за еспресо загрејте го и млекото, но внимавајте да не го прегреете. Треба да го направите кремаво, на температура меѓу 65 и 70 степени Целзиусови. Кога ќе завршите со млекото, направете една доза еспресо, истурете ја водата од шолјата и сипете го кафето во неа. Додајте го и млекото, внимателно, и лесно промешајте.
Пробајте го и овој кофеински пунч за незаборавни предновогодишни викенди.